КОМПЛЕТНО ОПРЕМЕН ТУРИСТИЧКИОТ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ВО БИТОЛА

Компјутерска опрема, комплетен ИТ хардвер и софтвер, мебел, информативен кисок и промотивно информативни материјали се дел од новиот туристички информативен центар во Битола. Материјалите и опремата се набавени и инсталирани со проектот Кинокултура и ќе овозможат комплетна функционалност на туристичкиот информативен центар.

На овој начин, се реализираат проектните цели за обезбедување на доволно информации за туристите на едно место, како и промоција на Битола и прекуграничната област, со акцент на Едеса, како атрактивни туристички дестинации. И оваа проектна активност има дополнителен позитивен импакт врз локалниот економски развој, особено на угостителскиот сектор и хотелиерството, а отвора и нови работни места за лицата кои ќе работат со туристичкиот информативен центар.