На десет локации поставени знаци кои го презентриаат културно историското наследство на битола

Како дел од проектот „Кинокултура“, финансиран од ИНТЕРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција – Република Северна Македонија, на 10 локации во Битола, поставени се знаци кои говорат за богатото културно – историско наследство на градот.
На локацијата на Стариот театар, преку QR код на поставениот знак, туристите во градот имаат можност со помош на интерактивна виртуелна прошетка да го разгледаат Стариот театар и да се запознаат со неговиот некогашен изглед. Исто така, ова останува вечен спомен и за генерациите кои го паметат овој објект и бил дел од нивното живеење, да се присетат на убавите спомени. Младите генерации пак со помош на новите технологии, ќе можат да го истражуваат минатото.
Покрај за Стариот театар за кој е направена интерактивна и виртуелна презентација, изработени се 3Д модели и за некогашната пивница „Балкан“, за „Аптеката на Ахил Чаловски“ и Хаџи Махмуд беј Џамија. 3 Д моделите претставуваат “оживување“ на сите значајни градби од минатото.
На сите четири локации, поставени се знаци кои водат до изработените модели, описот на нивното историско значење, како и нивната голема денешна вредност. Покрај 3Д моделите и текстуалниот опис на објектите, изработено е и аудио на македонски и англиски јазик, достапно за секој заинтересиран субјект. Исто така, поставена е слободна wi fi мрежа на овие локации со цел посетителите во секој момент на овие места да можат слободно да се конектираат и да уживаат во прошетката низ културно историското богатство.
Знаци кои ги одбележуваат најзначајните објекти, денес се поставија и кај Кино „Манаки“, „Безистенот“, „Магазата“, „Саат кулата“, „Старата чаршија“ и Офицерскиот дом.
Со користењето на новите технологии, мобилен телефон, таблет и слично на многу едноставен начин, секој посетител, добива можност да ги запознае деталите за историската приказна на секој од наведените 10 објекти.
Проектот „Кинокултура“, не само што врши промоција на културното историското наследство, придонесува за развој на културниот туризам, но и економски бенефит за градот, преку креирање на нови работни места за лица кои ќе управуваат со киното, туристичкиот информативен центар, но и за угостителскиот сектор и хотелиерството, преку зголемен број на туристи и посетители.

Знаци
Флаери
Банери