ДИГИТАЛНА РЕКОНСТРУКЦИЈА И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ВАРОшИ СО АПЛИКАЦИЈА ЗА АУГМЕНТИРАНА РЕАЛНОСТ

Во тек е многу значаен проект за промовирање на архитектонското наслаедство на Едеса, кој опфаќа дигитална реконструкција и презентација на Вароши, традиционалнота населба во Едеса.

Ова е иновативна изработка која ја искористува модерната технологија за реконструкција на сите традиционални објекти во Вароши и нивната геореференцирана позиција во дигиталната мапа на областа, сето тоа базирано на документацијата од достапните извори и архиви. Веднаш по завршувањето на проектот, во следниве месеци, локалното население и туристите ќе можат да прошетаат низ улиците на Вароши и да ја видат населбата каква што била пред повеќе декади, со употреба на специјална апликација за аугментирана виртуелна реалност која би била инсталирана на нивниот телефон или таблет. За употреба на истата ќе биде потребна интернет конекција, па затоа проектот предвидува и инсталација на WiFi мрежа која би овозможила бесплатен интернет пристап низ целата засегната област.

Оваа активност е дел од проектот Кинокултура, во кој општината Едеса учествува како водечки партнер, а истиот е со буџет од ИНТЕРЕГ проект за прекугранична соработка.