КУЛТУРНО ИСТОРИСКА ПРИКАЗНА КОЈА СЕ ПАМЕТИ И РАСКАЖУВА

Единствениот начин на којшто културно историското минато може да остане засекогаш запаметено и истото да биде пренесено на идните генерации и претставено пред светот, е преку создавање на трајни вредности кои промовираат, едуцираат, градат и надградуваат. Токму во таа функција, во рамките на проектот „Кинокултура“, создаден е промотивен материјал, кој ќе биде дел од туристичкиот информативен центар и ќе има за цел да го заживее туризмот во прекуграничната област. Изработените флаери, банери, пенкала, нотеси, се само еден дел од приказната надгардена и раскажана со овој проект кој истовремено вмрежува и промовира квалитетен туристички производ за продолжен престој на туристите во Едеса и Битола. Проектните резултати, раскажани во завршната публикација, се водич кон нов почеток.